(ФОТО) „Монистра“ со предновогодишен концерт во Драмски театар

Годината во која „Монистра“ прославува 15. години музицирање на домашната и меѓународна сцена ќе ја заокружи со целовечерен предновогодишен концерт на 10. декември 2017. во Драмски Театар – Скопје…
Етно групата „Монистра“ од Скопје, годинава во април го промовираше својот втор албум.
Афирмацијата која ја направи со многубројните концерти во републиката и учества на меѓународни фестивали ја вреднува „Монистра“ во една од најуспешните македонски етно групи.
Нивните преработки на изворни народни песни и ора имаат специфичен сопствен музички израз каде со посебно внимание се трудат да не отстапат од изворниот мелос, препознатлив како житие на традицијата која вековно се негува во Македонија.
Во прилог на направеното, видно е академското музичко образование на шест од седумте членови на „Монистра“ и оттука кај нив самодовербата е мошне значајна.
“Сакаме македонската сцена да ја освежиме со стари изворни песни и ора како би останале незаборавни. Воедно да изразиме благодарност до сите знајни и незнајни народни уметници кои ја пренесувале традицијата и останала за нас да ја слушаме и негуваме”.
Сите членови на групата имаат свој прилог во подготовката на вториот албум, но мора да се истакне лидерот на „Монистра“, Александар Јовевски каде низ албумот се препознава неговиот индивидуален израз, талентот што го открива во сите негови преработки и авторски творби. Тука царува и прекрасниот вокал на Габриела Јанушевска каде додека ја слушате рамнодушноста се губи и се препуштате на извонредни гласовни изведби.
Тамбурите на Јован Стрезовски и Филип Николовски имаат воденичарска енергија која трае низ целиот концерт. За тапаните кои се слушаат од Галичник до Река се задолжени Марјан Андоновски и Дамјан Зифовски.
Клавијатурите кои ги свират Дарко Ничевски и Магдица Димитровска се прилог кон малку модерното, но внимaтелно да не се наруши основната изворна мелодија.
Годината во која „Монистра“ прославува 15. години музицирање на домашната и меѓународна сцена ќе ја заокружи со целовечерен предновогодишен концерт на 10. декември 2017. во Драмски Театар – Скопје.
Ќе имате можност да ги слушнете во живо композициите од двата албума на „Монистра“ кои оставија неизбришлив траг во македонската етно музика.
Билети може да набавите преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот краток филм „Мала шега“ влезе во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот …