(ФОТО) Мухарем Сербезовски на мета: Во септември го умреа сега го уапсија!?

За два месеци за прославениот Мухарем Сербезовски во медиумите се појавија две невистини кои предизвикаа револт кај неговите фанови на социјалните мрежи…
„Легендата на балканската фолк музика, Мухарем Сербезовски синоќа бил приведен поради сомнеж дека поттикнува омраза и тероризам против САД. Причина бил стихот „Проклета је Америка“ за веќе во следниот стих да додаде и „и сунце што сја“ со што намерно се фаворизирала месечината, односно полумесечината наспроти сонцето како стар македонски, светски и христијански симбол.
По приведувањето, Сербезовски, одбивал да признае што сакал да каже со својата песна и негирал поврзност со опасни исламистички групи…“ е тектот кој со фотографија од прославениот пејач како молња се прошири по социјалните мрежи…

Но, не се сите наивни и неинформирани…
На една таква објава корисниците на Фејсбук беа доста елоквентни и ги навредуваа авторите на овој напис, во смисла на лошата информираност и составување на текстот со кој се пишуваат невистини за Сербезовски
Погледнете дел од тие коментари…
Во септември српските медиуми објавија дека Сербезовски е мртов…но легендата на естрадата, Мухарем Сербезовски, се јавил преку Фејсбук порачувајќи им на фановите дека е жив и здрав.
Веста гласела дека Сербезовски починал во болница во Скопје, и тоа после куса и тешка болест на возрст од 67. години. Веднаш потоа колегите на Мухарем почнале да објавуваат статуси си кои се простуваат од него…
Но, бргу реагирал Дурмиш, синот на Мухарем, кој своите следбеници ги известил дека неговиот татко е жив и здрав и дека ова што е објавено е во најмала рака небулоза но и голем безобразлук.
После Дурмиш со видео порака на Фејсбук се огласил и самиот Мухарем кој дал изјава и смирил илјадници фанови.
„Еве, самошто стасав во Сараево од Белград. Жив и здрав сум и се надевам дека уште долги години ќе ви пеам, ќе создавам, ќе ве сакам и почитувам. И во иднина ќе ги слушате песните на Мухарем Сербезовски! Кога оној горе ќе одреди е, дури тогаш ќе си заминам.А,тоа што го пишуаваат им е бадијала, мене не ме тангира“ изјавил Мухаре.
Сигурни сме и ако случајно го види тој небулозен текст ќе реагира на ист начин.
Но, нам не ни е јасно кој има полза да шири невистини за овој истакнат пејач и музичар…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …