Времето неделава: Во Македонија нови промени кон крајот на седмицата

Според општите временски прогнози за регионот временските услови наскоро ќе претрпат голема промена…
Продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време преку ден, додека наутро ќе биде студено и на некои места температурите на воздухот ќе се спуштат под нулата. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност а ќе биде и релативно тивко без ветер со што по котлините ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Сепак и покрај сончевото време особено од петок повремено ќе има и зголемена облачност но врнежи и понатаму нема да има. Одсега гледано нови врнежи ќе имаме ноќта недела кон понеделник и во понеделник.
Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 11. до 18. степени додека потоа ќе се искачуваат од 10. до 17. степени.

Веќе од наредната седмица,понеделник или вторник, се очекуаваат многу пониски температури, зимски. Утринските темпертури ќе се движат од -5 до 0, а дневните од 5 до 10 степени, што навестува вистинска зима…Се предвидуваат и врнежи од дожд а по повисоките мест и планини и снег.
Но, убава информација е што овој ладен бран нема долго да трае.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …