(ФОТО) Шакира ја откажала светската турнеја „Ел Дорадо“поради влошено здравје!

Познатата пејачка боледува од тешко воспалување на гласните жици, но состојбата се влошила, а се смета дека лекувањето ќе потрае подолго…
Пред извесно време се шпекулираше дека Шакира има проблеми со здравствената состојба, но пејачката изјави дека се работи за нешто минливо. Иако Шакира откажа неколку концерти, таа била подготвена да се врати на сцената.
Но, кога нејзиниот доктор забележал крв на нејзините гласни жици, сфатиле дека нешто не е во ред. Познатата пејачка боледува од тешко воспалување на гласните жици, но состојбата се влошила, а се смета дека лекувањето ќе потрае подолго.

#ElDoradoWorldTour #5days #5días ShakHQ


A post shared by Shakira (@shakira) on


Поради тие причини, Шакира морала да ја откаже светската турнеја „Ел Дорадо“ и 17. концерти за кои картите веќе се распродадени.
“Во текот на сите овие години, никогаш не сум се соочила со ваква ситуација. Не можам да го дочекам моментот кога ќе се вратам на сцената и да ве слушнам како пеете со мене”, напишала Шакира на нејзиниот профил на Твитер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …