(ФОТО) Мишел Обама шокира со стилот: Се „појавила“ во блескави чизми но со книгата поставува и’ книжевни рекорди – 750.000 продадени примероци за еден ден!

„Мојата облека испраќа порака. Го искористив ова гостување и да им дадам прилика на младите дизајнери кои инаку не би имале толкаво внимание“, рекла Мишел Обама.
Бившата американска прва дама, Мишел Обама (54) вчера ја шокирала јавноста со најновиот моден избор. Таа гостувала во Баркли центарот во Бруклин и разговарала со ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер (53), а сите го коментирале само аутфитот на Обама.
Мишел за таа пригода облекла жолт фустан на дизајнерот Баленсиага и светкави високи чизми од истата марка кои чинат 4.000 долари.


„Мојата облека испраќа порака. Го искористив ова гостување и да им дадам прилика на младите дизајнери кои инаку не би имале толкаво внимание. Поради тоа го избрав Џејсон Ву за својот инаугурациски фустан“, рекла Мишел обама, пренесува Mirror.

Мишел неодамна ја објавила книгата „Becoming“ во која открива досега непознати детали од нејзиниот приватен живот. Мишел опишала дел од своето детство, но и семејниот живот со бившиот американски претседател Барак Обама (57).

Момоарите на сопругата на бившиот американски претседател веќе првиот ден биле продадени во 750.000 примероци. Како што пишува Hollywood Reporter, тоа е еден од овогодишните книжевни рекорди. Во книгата проговорила за своето детство, факултетот, расизмот, бракот и нејзините ќерки и искуствата во политиката.

„Оваа книга многу ми значи. Си ја отворив душата. Се надевам дека луѓето ќе можат да се поистоветат со неа и ќе пронајдат сила за понатамошна борба во животот. Сечија приказна е посебна, на еден начин и мислам дека може на сите да им помогне“, вели Мишел Обама.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …