(Рецепт) Совет на баба Милица (84) која не се разболела 40. години на својата внука (22) како да биде здрава!

Бабите сепак знаат најдобро!
„Штом мина ’циганското лето’ почнав да чувствувам вртоглавица, малаксалост и генерално некоја слабост во телото. Комбинацијата на топли денови и ладни вечери секогаш некако се одразува на општата состојба на организмот. Полека пристигна и ноември. Потоа и декември а со него и сезоната на грип, настинки и вируси.
Обично се сеќавам да внесувам витамин Ц, пијам чај. Ќе прележам една настинка, ете ја и другата и сфаќам дека имунитетот ми е во проблеми.
Еден ден одам кај баба ми, малку да разговарам со неа, а таа како и секоја грижлива баба, по мојот изглед забележа дека не ми е баш најдобро. Ме прашува како сум, а јас веднаш и се пожалив дека имунитетот многу ми опаднал во последно време. Баба ми во тој момент како од топ ми кажа:


’Земи еден поголем чен лук, само излупи го, ништо не притискај, не го готви, само голтни го! Залиј со една чаша вода ако ти е полесно и тоа е се’.
Мојата прва реакција беше малку избрзана и’ и велам:
’Ама како да изедам цело чесне лук само така? Никогаш не сум го направила тоа. Веројатно цел ден ќе имам непријатен здив’.
Баба која цело време седеше на каучот во дневната соба, стана, ми се приближи и ми рече:
’Дали јас мирисам на лук?’
Вистина е дека воопшто не се чувствуваше мирис на лук, а со 84. години беше поздрава и повитална отколку јас со моите 22. години. Дури и онака горделиво ми рече дека веќе 40. години го применува овој метод и воопшто не се разболела. И,кога подобро ќе размислам, не се сеќавам дека некогаш сум ја видела болна или настината. Баба, сепак, знае најдобро“.


Иако во денешно време многумина одбегнуваат да јадат лук поради неговиот јак мирис, важно е да се знае дека тој е последица на материјата која содржи сумпор и која му дава лековити својства. Иако со овој метод на конзумирање на лук нема да имате проблеми со непријатниот здив, во некои случаи тоа можете да го решите со жвакање листови магдонос, зрна кафе…
Сеуште не е јасно како сите составни делови на лукот делуават во телото но тој навистина делува како антибиотик: средство за ослободување на дишните патишта, има антиканцерогено и противвоспалително дејство, ги уништува габичките и поедини вируси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …