(ФОТО) Богатството на трагично загинатиот Ди џеј Авици од 20. милиони фунти ќе го наследат неговите родителите!

Шведскиот диџеј, Авици (28) во април беше пронајден мртов во Оман, а подоцна беше откриено дека самиот си го одзел животот.
Неговото цело богатство со оглед на тоа дека тој бил самец во време на смртта автоматски оди кај неговите родители…
Според шведските закони, имотот на Авици, со вистинско име Тим Берглинг, целото негово богатство од 20. милиони фунти оди директно кај неговите родители – тоа го докажало легалниот документ во неговата родена Шведска.

Легалниот документ станал јавен од шведската даночна агенција која открила дека родителите на уметникот, Клас Берглинг и Анки Лиден се наведени како наследници на имотот на нивниот син во износ од 231. милиони шведски круни односно 20. милиони фунти.
Според шведскиот закон парите автоматски се префрлуваат кај неговите родители со оглед на тоа дека тој немал семејство ниту биолошки наследник, како ниту напишан тестамент, пишува Swedish newspaper Expressen.se reported.
Во официјалниот документ се наведувало дека неговите долгови од 96,5 милиони круни (8,42 милиони фунти) во САД и 841.330 круни (73.430 фунти) во Канада биле платени пред неговите родители да ги добијат парите.


Авици за време на кусата кариера направил богатство наплатувајќи 28. милиони долари во 2014. година,заработувајќи 250.000 долари од ноќ кога неговите шоуа биле распродадени.
„Многу заработувам а немам потреба од толку многу пари“ рекол Авици во 2013. година.
Во 2012. година сиот приход од турнејата во САД го донирал во хуманитарната организација „Да ја нахраниме Америка“. Една година подоцна донирал 1. милион евра на шведската организација „Radiohjälpen.“


Документарецот „Avicii: True Stories“ открива под каков притисок бил изведувајќи 320. шоуа во само една година.
Во документарецот, Авици, интровертен како што самиот признал, зборува за честото земање алкохол за да може да настапува но и да се бори со анксиозноста и стресот.
На 21. година му бил дијагностициран акутен панкреатитис како резултат на прекумерно пиење алкохол.
Во 2014. Берглинг бил хоспитализиран и принуден да ги отстрани жолчката и слепото црево.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …