Тајни од „Кама сутра“: Совети кои гарантираат незаборавно уживање

Многумина „Кама сутра“ ја доживуваат исклучиво како збирка на сексуални пози, но таа е многу повеќе од тоа.
Освен секс, древниот текст се фокусира и на односот помеѓу љубовниците, но и на самата љубов. Иако станува збор за совети стари неколку илјади години, повеќето правила за квалитетен љубовен и сексуален однос лесно е да се применат и денес.
За древниот индиски мислител Ватсајана кој ја напишал „Кама сутра“ сексот е дел од природниот баланс на животот,а во продолжување прочитајте ги неговите три правила за максимално сексуално задоволство.

1. Предиграта е клучен дел од сексот
Според „Кама сутра“ нема добар секс без предигра која мора да биде темелно изработена. Притоа предиграта не е само физичка. „Кама сутра“ вели дека и интимноста е предигра, а таа вклучува квалитетна комуникација и вербално искажување на љубовта. Авторот на текстот наведува дека е важно на љубовникот на сите можни начини да му се покаже дека го сакате, ви треба и дека го посакувате, а во тоа најголема улога покрај допирите имаат и зборовите.


2. Жените секогаш имаат предност кога станува збор за оргазмот
Познато е дека мажите побрзо и полесно доживуваат оргазам, додека на жените им е потребна малку повеќе стимулација. Повеќето мажи сега би помислиле дека е логично тие први да доживеат оргазам, но „Кама сутра“ не се согласува со тоа. Имено, во текстот пишува дека жената има предност кога станува збор за климаксот,а ако мажот инсистира на тоа, тоа значи дека ја разбира и цени својата партнерка.

3. Сексот треба да се цени
Според „Кама сутра“ сржта на сексот не е само физичко задоволство туку мораме да го набљудуваме како нешто многу позначајно. Сексот е пат до подобра комуникација, а колку комуникацијата е подобра толку е подобра и поврзаноста на љубовниците а нивното задоволство поголемо. Сржта на сексот е во довербата, отвореноста, грижата за партнерот како физичко но и емотивно битие.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …