(ФОТО) Меланиа светски „му спуштила“ на адвокатот на Трамп!

И’ додека целиот свет расправа за наводната афера на Трамп со порноѕвездата Сторми Даниелс, Меланиа останала доста воздржана околу оваа тема, но овојпат личниот адвокат на американскиот претседател, Руди Џулиани, се чини ја повлекол за јазик.
Имено, за време на службеното патување во Тел Авив, Израел, Џулијани нашол за потребно да ги коменитира ставовите на Меланиа околу таа афера, пишува CNN.
„Таа му верува на својот сопруг и знае дека тоа не е точно“ рекол Џулијани.
Само еден ден подоцна, гласноговорничката на Меланиа, Стефани Гришам, имала одговор.
„Не верувам дека госпоѓа Трамп било кога дискутирала за било што со господин Џулијани“ навела во службената изјава.
Меланиа со оваа изјава дала до знаење дека никој нема да и става зборови во уста, особено околу темата која избрала да ја игнорира.

„Не ми е жал што сум го рекол тоа бидејќи верувам дека е вистина. Верувам дека првата дама го познава доволно добро и дека и е јасно дека тука станува збор за лажна вест“, му изјавил на CNN како коментар на изјавата на Меланиа.
Џулијани, инаку бивш градоначалник на Њујорк, не криел дека нема баш добро мислење за Сторми Даниелс.
„Ги почитувам порноѕвездите. Ги почитувам сите човечки суштества, дури и криминалците. Но, не ги почитувам порноѕвездите во иста мерка во која ги почитувам жените од кариера или жените кои се изградиле како личности и имаат самопочитување па нема да го продаваат своето тело за сексуалан експлоатација“ рекол адвокатот на Трамп.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на првиот роман на Румена Бужаровска – „Тони“

Првиот роман на современата македонска писателка Румена Бужаровска ќе ве удри од земја и ќе …