(ФОТО) Серена Вилијамс отворено проговорила за тешкото и комплицирано породување и за својата борба со постпородилната депресија

Пред осум месеци тенисерката Серена Вилијмс станала мајка на девојчето Алексис Олимпија Оханиан.
Новопечената мајка искрено за Harper’s Bazaar UK проговорила за родитеството и открила дека оваа животна промена не и била едноставна. Имено, после тешкото породување се борела со постпородилна депресија.


После итен царски рез, во плуќата на Серена Вилијамс се створиле крвни згрутчувања кои предизвикале јако кашлање.Тоа довело до руптура на резот и стомакот и го наполнило со крв. После новите операции Серена морала со недели да лежи, а потоа паднала во депресија.
„Искрено, понекогаш мислам дека сеуште се борам со тоа“ рекла за депресијата, за списанието. „Луѓето треба повеќе да зборуваат за тоа бидејќи тоа е дел од бременоста. Се сеќавам дека еден ден не можев да го најдам шишенцето на Олимпија и толку се вознемирив и почнав да плачам бидејќи сакав да и бидам совршена мајка“.

Mama bear and baby cub #beingSerena @hbo


A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

И покрај пробемите, Вилијамс вели дека знае дека е добар мајка и тоа ќе се труди да биде и понатаму. Објаснила дека силата на ќерка и ја препознала и пред да се роди малечката.
„Знев дека ќе родам ќерка бидејќи на Австралија Опен немав утрински мачнини, никакви симптоми“ открила Серена.
„Во Австралија е навистина жешко, понекогаш и повеќе од 40. степени, што е лудо, но таа никогаш не се жалеше. На сопругот Алексис Оханиан му реков дека е девојче. Само жена може да биде толку јака“.

Кога станува збор за иднината, Вилијамс се надева дека малечката Олимпија ќе добие браќа и сестри. Не планира да успори со тениската кариера, напротив, усмерена е на освојување на Вимблдон во јули.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …