Годините минуваат а една од нашите најубави пејачки, Елена Ристеска, потврдува дека тие и донесуваат „убавина плус“. Таа деновиве на својот Фејсбук профил објавила нова прекрасна фотографија .
Следувале низа коментари од нејзините фанови кои не штеделе комплименти за Елена.
Но, меѓу овие коментари се најде и коментарот на еден нејзин фан од Бугарија кој напишал: „Само една Бугарка може да е толку убава“!
На ова, Елена одговори: „Мислиш МАКЕДОНКА!!! Чиста“.
Македонското девојче не дозволи провокации и како што насекаде ја претставува Македонија, така и гордо се претставува себеси во име на нашата држава.
Да го корегираме коментарот на Краси Пенчев. Вистината е дека само една Македонка може да биде толку убава како Елена.
Коментарот на Елена доби огромен број на “лајкови“ од фановите.
Фото: Принтскрин/Facebook