(ВИДЕО) Вознемирувачки призор во трговски центар: Дете (4) висел од ракофатот на ЕСКАЛАТОР па паднал од висина од 20. метри!


Момчето (4) се бори за живот, откако паднало од висина од 20. метри, држејќи се за ракофатот на ескалаторот во руски трговски центар, ги преплашил присутните купувачи.
Четиригодишното момче се здобило со сериозни повреди на главата кога, во отсуство на неговите родители, решил да го „испроба“ ескалаторот во трговскиот центар „Глобал Сити“ во Москва. Ситуацијата ја забележала безбедносна камера, а морничавото видео покажува како момчето го држи ракофатот до самиот врв.
Не можејќи да се искачи на сигурно, паднал од висина од 20. метри врз кафуле лоцирано под скалите и се здобил со повреди на главата и градите. Жената, за која се верува дека е мајка на несреќното дете, веднаш притрчала на местото на несреќата.


„Искористувајќи го моментот на невнимание на родителите, детето истрчало кон ескалаторот што водело од приземјето до првиот кат. Тој со рацете ја зграпчи надворешната страна од ракофатот и се искачил на нивото на првиот кат, а потоа паднал на работната површина во кафулето, здобивајќи се со повреди – изјавил извор од трговскиот центар за московските медиуми.


Четиригодишното дете е на интензивна нега во московска болница, поради повреда на главата, скршеница на черепот, внатрешна повреда на градниот кош и модринка на белите дробови.
„На детето му беше пружена потребната грижа, додека органите за спроведување на законот ги разработуваат деталите за инцидентот“, објаснила Јулија Иванова, службеник на рускиот истражен комитет, додавајќи дека властите ја спроведуваат првичната истрага за случајот.



Биле сослушани сведоци, како и родителите на момчето, кои може да се соочат со тужба за негрижа.

Фото: Принтскрин: DailyMail


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Искористете ги јајцата што останале од Велигден, додадете грашок и направете ја најдобрата салата

Најдобрата салата можете да ја направите од јајцата кои ви останале од Велигден, со додавање …