(ФОТО) Луис Хамилтон,откако јавно го посрамотил, на внукот му купил фустан

Светскиот првак во Формула 1 го одвел внукот во забавниот парк „Дизниленд“ за да му се извини за исмејување на социјалните мрежи

„Толку сум тажен што го гледам сето ова“ рекол возачот на Формула 1, Луис Хамилтон (32) во своето видео кое го објавил на социјалните мрежи, а потоа го снимил својот пресреќен внук во розево-лилаков фустан како држи волшебно стапче. Додал и дека мочињата не се облекуаваат како принцези.



Хамилтон со своите објави ги налутил фановите кои коментирале дека е ужасен, одвратен и дека многу припадници на ЛГБТ заедницата доживеле токму вакви грозотии. Возачот го тргнал видеото од социјалните мрежи и се извинил поради таквото однесување.

„Сакам што мојот внук се чувствува слободно да се изрази како што би требало сите да прават. Мое најдлабоко извинување на сите бидејќи сфатив дека во денешнито свет не е прифатливо никој да се маргинализира или да се стереотипизираат другите луѓе“ истакнал Хамилтон.
Британецот после исмејувањето на својот внук му се оддолжил така што го однел во забавниот парк „Дизниленд“ каде му купил облека на принцеза.


What has he done with his hair @lewishamilton #lewishamilton #omg #f1 #vasc

A post shared by JB17🇫🇷 (@mrcoopertarlinton) on

Обожавателите го пофалиле потегот на Луси Хамилтон и рекле дека ја направил вистинската работа за своето семејство. Откако јавно го посрамотил внукот и рекол дека момчињата не се облекуваат како принцези, корисниците на социјалните мрежи забележале дека возачот за доделувањето на британските модни награди се облекол слично како починатата принцеза Дијана. Хамилтон носел црна долчевита и карирани панталони и сако.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …