(ФОТО) Кученцето му се придружило на тригодишникот во казната: Фотографијата станала вирална!

Уште еден доказ за неразделното пријателство меѓу човекот и кучето доаѓа од САД, поточно Охајо. Тригодишниот Пејтон повторно бил непослушен и неговата мајка му, за казна, го испратила да застане во аголот, но кога го погледнала Пејтон, после неколку минути, пукнала од смеа и ја направила фотогарфијата која стана вирална на Фејсбук веднаш по објавувањето.
Семејството на англискиот мастиг,Даш, кој не е ни одвоен од Пејтон, стоел мирно и тивко покрај момчето, кое го погалила со раката во знак на благодарност, сè уште гледајќи во ѕидот.
„Даш разбира сè“, рече Џилијан за „Today“,и додавала: „Неверојатно е колку се блиски овие двајца“.


When you're in time out but your best pal wont let you serve your time alone 😂🥰 ©2020JillianSmith

Gepostet von Jillian Marie Smith am Sonntag, 26. Januar 2020


Овој сладок момент наскоро станал вирален со над 45.000 споделувања, а таа ја објавила оригиналната фотографија со придружниот текст: „Кога сте во казна, но вашиот најдобар пријателк не сака да ве изневери“.
Даш е шестмесечно англиско кученце мастиф кое е веќе сега огромно, а кога ќе достигне целосна сила треба да биде околу 100 килограми.
Џилијан го опишала како нежен гигант кој му дозволува се на Пејтон.
„Пејтон го облекува и во костуми на суперхерој па заедно глумат филмски сцени. Не сум сигурна дека Даш разбира што прават, но на мојот син му дозволува ама баш сè. Ако не сум сигурен каде е Пејтон, само гледам каде е кучето. Тие се секогаш заедно!“.


Just a boy and his dog… Hogging the bathroom when it's not their turn!!!

Gepostet von Jillian Marie Smith am Dienstag, 26. November 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …