Иако главно ја гледаме во елегантни фустани и високи штикли, војвотката од Кембриџ понекогаш сака таквите парчиња да ги замени со нешто поопуштено.
Тоа го направила и вчера кога посетила евент кој го организирал британскиот Sports Aid на стадион во паркот Олимпик. Sports Aid е една од организациите чија покровителка е Кејт, а се бави со подржување на родителите и старателите за спортски надарените деца.
За оваа пригода Кејт избрала имиџ кој би можел да се дефинира како спортска елеганција. Нејзиниот избор паднал на тесен плетен џемпер, culotte панталони до половина на листовите и класични бели патики.
И покрај тоа што станува збор за опуштен стил во каков ретко ја гледаме војвотката, ќе се согласите дека тоа не е нејзиниот вообичаен аутфит но на оваа средба таа имала и доста споортски активности па и било потребно нешто токму такво.
Сите парчиња кои ги носела Кејт се од продавници на високи брендови, па џемперот има потпис на Манго, панталоните се од Зара, а патиките од Маркс и Спенсер.
При самото доаѓање на евентот Кејт носела и елегантно темно сино палто а косата, исто така подоцна, ја собрала.