(ФОТО) Крај после 21. година брак: Легендарниот глумец се разведува – по втор пат од иста жена!

После повеќе од две децении брак, американскиот глумец Риберт де Ниро и неговата сопруга Грејс Хајтауер решиле да се разведат.
Извор близок до парот ја потврдил веста за магазинот „People“, велејќи дека Роберт и Грејс повеќе не живеат заедно.
„Понекогаш работите не функционираат иако се надевате или го сакате тоа“, потврдил еден инсајдер.


Како што пишува Page Six, ѕвездата на филмот „The Wizard of Lies“ во последно време се појавува сам на разни настани.
„Роберт и Грејс последен пат се видени заедно кон крајот на летото. Гласините за разводот се покажаа како точни“, тврди изворот.
Де Ниро и Хајтауер се венчале во 1997. година, после скоро десет години емотивна врска и заедно имаат две деца.


Но, ова не е првпат двојката да се разделува. Глумецот во 1999. година поднел документи за развод, две години после стапувањето во брачната заедница со Грејс, и имале борба за старателство над синот која траела се’ додека не успеале да ги решат сите проблеми, па на крајот се откажале од бракоразводната парница.


Потоа, во 2004. година ги обвновиле брачните завети, на свечена церемонија на планината Кетскил, покрај Њујорк, на која присуствувале Мартин Скорцезе, Мерил Стрип и Бен Стилер.
Де Ниро и Грејс, некогашна стјуардеса се запознале во 1987 година кога работела за многу познатиот ресторан „Mr. Chow “ во Лондон. Од тогаш Хајтауер повремено се бавела со глума и пеење, но и бизнис бидејќи водела ланец кафетерии „Coffee of Grace“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …