Вечерва – 50 години СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ и ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2018

ЦЕНТРАЛНИОТ НАСТАН на ОСТЕН уметност на хартија ќе се одржи на 22 ноември (четврток) во 19 часот, Национална галерија на Македонија Чифте амам Скопје и ќе содржи:
– ретроспективна изложба “50 години СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ (1969-2019)”
– изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2018
– врачување на награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на ОСТЕН уметност на хартија

Настанот е под покровителство на претседателот на Владата на РМ г. Зоран Заев и тој ќе ја отвори изложбата.


На отворањето ќе дојдат уметници и карикатуристи од целиот свет, па топло препорачуваме да ја искористите можноста за интервјуа и изјави од гостите, што би било на обострано задоволство.


Во Скопје на централниот настан ќе бидат присутни и ќе им бидат врачени награди на следните уметници:
Родољуб АНАСТАСОВ, Македонија
Пасквале СЕЛОНА, Италија
Себастијан ЛУБИНСКИ, Полска
Барбара КРОЛ, Германија
Агњешка Х. ЈАНКИЕВИЧ, Полска
Дарко ТАЛЕСКИ, Македонија
Херман НОРДЕРМЕР, Холандија
Харис КОНДОСФИРИС, Грција
Тијана КОЈИЌ, Србија
Трајана ПАНАЈОТОВА, Бугарија
Светла РАДУЛОВА, Бугарија
Олга ТОБРЕЛУЦ, Русија
Петре НИКОЛОСКИ, Обединето кралство
Ахмет АЛБАЈРАК, Турција
Босук ЛИ, Јужна Кореја
Франко ВЕКИЕТ, Италија
Милан АНДОВ, Македонија
Невзат БЕЈТУЛИ КИЦА, Македонија
Хелен ШУЛКИН, Германија


… и карикатуристи:
Владимир БОРОЈЕВИЌ, Македонија
Недељко УБОВИЌ, Србија
Дамир НОВАК, Хрватска
Дарко ДРЉЕВИЌ, Црна Гора
Лука ЛАГАТОР, Црна Гора
Ратко МАРИЧИЌ, Хрватска
Иваило ЦВЕТКОВ, Бугарија
Милко ДИКОВ, Бугарија
Златко КРСТЕВСКИ, Македонија
Блаже ДОКУЛЕСКИ, Македонија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …