(ФОТО) КАКОВ ПОДВИГ: Тројца Македонци со велосипед се искачија на Килиманџаро

Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев станаа првите Македонци кои со велосипед ја искачија највисоката планина во Африка, Килиманџаро во Танзанија.
„Ден 5 – Покривот на Африка
И тоа е тоа.
На ден 16.02.2021 год групата хајкери и бајкери тргнаа заедно од Horombo huts 3.700мнв, до Kibo huts 4.700мнв.
По пристигнувањето во Kibo huts, групата одлучи после одморот и вечерата, во 12 часот на полноќ, да се упати кон врвот Ухуру 5.895 мнв.
Оваа одлука ја донесоа едногласно откако дознаа дека во наредните денови ќе има влошување на временските услови.
На ден 17.02.2021 год во 05:50ч по локално време, сите шест учесници на оваа експедиција пристигна на покривот на Африка, со тоа што велосипедистите испишаа нова историја за македонискиот велосипедизам.
Во прилог фотографии“, напишаа на Фејсбук.
Тие го комплетираа својот предизвик утрово, кога пристигнаа на 5.895 метри високиот врв Ухуру, заедно со планинарите Ирина Дишовска, Кирил Начков и Филип Христов, кои го направија тоа на традиционален начин.


Миновски, Нешкоски и Деревјев ја започнаа својата авантура на 14 февруари од градот Аруша, кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри. Откако вчера стигнале и преспале на надморска височина од 4.700 метри, тие на полноќ по локално време тргнале кон Ухуру, до каде што им требале пет и пол часа.



Ова не е прв подвиг на Миновски. Тој во 2019 година беше дел од македонско-украинската велосипедска експедиција, заедно со Сашо Перовски и Ростислав Палагусинец, од 8 до 24 ноември успешно ја извози турата во должина од 250 километри, на највисокиот превој во светот Торонг Ла, на 5.416 метри надморска височина. Стартот беше од градот Бесисахар, во Непал, кој се наоѓа на 800 метри надморска височина, и се возеше до превојот Торонг Ла, кој се наоѓа на 5.416 метри надморска височина. Лазо, Сашо и Ростислав на ова свое авантуристичко патување видоа 16 врва над 6.000 метри.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …