Грејс Виктори се заразила со коронавирус во декември минатата година. Била бремена и нејзината состојба започнала да се влошува, па на 24. декември, два месеци пред датумот на породување, се породила со царски рез.
Еден ден подоцна таа завршила во индуцирана кома. Лекарите имале лоши прогнози и и’ дале само пет проценти шанси да преживее. Три месеци подоцна таа се разбудила од кома и секој ден и станувало се подобро.
View this post on Instagram
„Ми рекоа дека сум била мртва пет минути, но дека клиничката смрт не го оштетила мојот мозок. Лекарите сметаат дека сум медицинско чудо”, рекла Грејс.
Оваа јутуберка го видела својот син за прв пат дури откако се разбудила од кома.
View this post on Instagram