(ВИДЕО) ГОВОРОТ НА ДЕВОЈЧЕ (10) МЕЃУ УРНАТИНИТЕ НА ГАЗА ГО РАСПЛАКАЛ СВЕТОТ: Зошто мораа да убиваат деца – НЕ Е ФЕР!

Морничавите напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за жителите на Газа, каде што секој ден умираат луѓе – претежно Палестинци, а видеото со десетгодишно девојче од оваа уништена област го потресе целиот свет.
Надин Абдел-Таиф плачела среде интервју, покажувајќи на урнатините зад себе во кои биле убиени осум деца и две жени – нејзините соседи.
– Не знам што да правам, имам само 10. години. Не можам повеќе да го трпам ова. Би сакала да бидам лекар и да му помагам на мојот народ, но не можам. Јас сум само дете – рекла Надин низ солзи и продолжила:
– Јас сум исплашена, но не и повеќе толку многу. Кога ќе го видам сето ова, буквално плачам секој ден. Тогаш се прашувам, со што го заслуживме ова. Моето семејство вели дека нас не мразат (Израелците). Тие едноставно не не сакаат нас затоа што сме муслимани. Ги гледате сите овие деца околу мене, тие се само деца. Зошто некој би фрлил ракета кон нив и да ги убие? Не е фер.

Фото: Принтскрин/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Елегантното издание на Иванка Трамп на инаугурацијата на Доналд Трамп: Блеснала во смарагдно зелен комплет

Иванка Трамп изгледала убаво и одважно во зелен комплет составен од здолниште и јакна, на …