ЕКИПА од урбано истражувачката група „Croatia Infiltration“ го истражувала напуштениот аеродром Жељава, кој со години го привлекува интересот на авантуристи и љубителите на историјата.
Подземниот аеродром Жељава (Објект 505 – Клек) бил најголемиот таен проект во поранешна Југославија. Изграден за време на Студената војна, овој објект бил трет најскап проект во Европа.
„И покрај сите обиди за уништување, остатоците од оваа мегаломанска база ја раскажуваат приказната за мрачниот период во модерната историја поттикнат од страв од нуклеарна војна“, велат од „Croatia Infiltration“, која објави видео од својата авантура во таа најскапа тајна на поранешна Југославија на нивниот канал на YouTube.
Croatia Infiltration се занимава со урбани истражувања од 2009 година.
„Во првите неколку години ја фотографиравме секоја напуштена зграда и дупка во Хрватска. Подоцна започнавме да снимаме и да се впуштаме во странски авантури. Денес, во времето на короната, решивме да се вратиме на старите патишта, но овој пат да ги снимаме сите интересни објекти и да ја раскажеме нивната заборавена историја“, велат овие авантуристи.
Фото:Принтскрин/YouTube/Croatia Infiltration