(ФОТО) Гвинет Палтроу со слатка фотографија ја потврдила свршувачката

Глумицата и основачка на порталот „Goop“ е три години во врска со сценаристот Бред Фалкум. Се запознале на сетот на хит серијата „Glee“ во која Гвинет има гостувачка улога…

💍


A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) on


Глумицата и сценаристот на серијата „Glee“ и „Американска хорор приказна“ својата врска ја потврдиле во 2014. година, само неколку месеци откако Гвинет се развела од фронтменот на „Колдпеј“, Крис Мартин (40).
Иако парот својата приватност строго ја чува и ретко се појавуваат заедно на општествените настани, Палтроу во последно време се фалела со своето „модерно семејство“.
Гвинет открила дека на дружењата со Мартин често го носи и Фалкум. Децата на Гвинет кои ги има со музичарот, Епл (13) и Мозес (11) добро се согласуваат и со децата на Бред, кои тој ги има од 19. години долгиот брак со продуцентката Сузан Мукиник. Со првата сопруга, сценаристот ги има синот Броди и ќерката Изабела.

Sunday brunch #modernfamily


A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) on

Оскаровката сценаристот го запознала на сетот на серијата „Glee“ во која имала гостувачка улога.
„Ова е најубава жена на сите времиња. Сите сме среќници што дошла на овој свет, но јас сум најсреќен“ рекол Бред на роденденот на Гвинет.
Палтроу последните години е на мета на критиката поради содржините на својот лајфстајл портал, на кој често промовира „алтернативни“ методи на разубавување и одржување на здравјето, а понекоагш дели и совети за родителството.
„Моите деца смеат да пијат ’Кока кола’ еднаш неделно, а попрво би умрела отколку да им дадам супа од ќесичка“ рекла глумицата пред три години.
На жените им порачала, ако сакаат да се чувствуваат сензуално, само треба да ги поместат рамениците и почувствуваат како ткаенината им лизга долж телото или прамен коса на вратот.
„Тоа е задоволство на кое можете веднаш да му пристапите, било кога и било каде“ рекла Палтроу.

🎃

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …