(ФОТО) „Фала на девојката, фала и на бившата“: Еван МекГрегор прогласен за најлигав маж

Глумецот ги зачудил присутните на доделувањето на Златен глобус, но и’ фановите на социјалните мрежи. Коментирале дека е безобразен, но и храбар бидејќи направил нешто што до тогаш не го виделе
„Сакам да и се заблагодарам на Ив, која со мене беше 22. години и на нашите деца Клара, Естер, Џејмиан и Анук“ го започнал говорот глумецот Еван МекГрегор (46) кој ја освоил наградата за најдобар глумец во американската серија „Фарго“.
МекГрегор ги зачудил присутните гости на доделувањето на Златни глобуси бидејќи прво ја спомнал дизајнерката Ив Маврикис (51) од која неодамна се развел поради глумицата Мери Елизабет Винстед (33).
Глумецот го заклучил говорот заблагодрувајќи и се на сегашната девојка Винстед со која се зближил на снимањето на серијата „Фарго“ глумејќи го нејзиниот дечко Реј.
„Сакам да бидам глумец и да се дружам со неверојатни колеги и не би било никаков Реј без Мери Елизабет Винстед“ истакнал МекГрегор.
Глумецот поради овој говор станал предмет на исмејување на социјалните мрежи а фановите го нарекуваат лигав, но додале и дека е најоригинален до сега.


„Да го искористиш својот говор да им се заблагодариш на љубовницата и сопругата која си ја оставил поради неа е храбро. Благодарност на љубовницата и сопругата е навистина оригинално и првпат слушам такво нешто“ биле коментарите на Твитер.
Многу фанови и понатаму веруваат дека МекГрегор ја измамувал сопругата со колешката, додека други тврдат дека глумецот ја започнал врската по распаѓањето на бракот.Британците виделе како на улица разменува нежности со глумицата Винстед, а набргу се преселил во нов дом во Лос Ангелес.
Еван МекГрегор со сопругата Ив ги има ќерките Клара (21), Естер (16) и близнаците Анук (6) и Џејмиан (6).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …