(ФОТО) Во Скопје нема воздух: Мерачите на загаденост „прегореа“ – Повторно бесплатен градски превоз!

Синоќа во Скопје се случи вистинска еколошка катастрофа, каде изминативе денови, а особено вечерва граѓаните се соочуваат со енормно загадување.


Во Лисиче во 21. часот беа измерени 605 микрограми, односно 12. пати повеќе од дозволеното. Кај Ректорат беа измерени 460. микрограми, додека во Гази Баба 438.



Последните мерења покажуваат дека Скопје е на трето место во светот по загадувањето на воздухот, веднаш по Дака во Бангладеш и Колката (поранешна Калкута) во Индија.

Концентрациите на штетните ПМ10 честички на некои места во главниот град беа и 12. пати над дозволеното.

На четврто место е Лахоре, град во Пакистан, на 5. место е Шангај во Кина и на 6. место е Њу Делхи во Индија.

Со овие измерени загадувања на воздухот се потврдија многуте пишувања на скопјани, на Фејсбук, за изминатиот викенд кога драстично било намалено користењето на моторните возила (поради празникот многу семејства не беа во Скопје) а во воздухот се чувствуваше голема смрдеа…

Град Скопје воведе бесплатен градски превоз за скопјани поради загадениот воздух.Мерката стапи на сила од вчера и важи подеднакво за автобусите на ЈСП и за приватните превозници.Оваа мерка ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …