(ФОТО) Гордата мама ја испратила ќерката во градинка:Кејт Мидлтон ја фотогарфирала принцезата Шарлот и го воодушевила светот!

Војвотката од Кембриџ повторно се погрижила за неодолливи фотографии. Овој пат од британскиот кралски двор не почестиле со фотографија на принцезата Шарлот која е четврта во линијата за круна, а веќе сега се’ што ќе облече се распродава во момент.
За двегодишната принцеза тоа бил голем ден: Прв ден во „Willcocks Nursery School”, која е веднаш до култната сала „Royal Albert Hall” во Лондон и многу блиску до Кенсингтонската палата каде живее со своите родители и братот. Наводно во училиште тргнала уште минатата недела, но британскиот пар дури сега почестил со фотографии.
Објавени се две фотографии од принцезата Шарлот кои ги снимила нејзината мајка, Кејт Мидлтон.
Двегодишната принцеза позирала за две фотографии кои се снимени на скалите на Кенсингтонската палата. Облечена во темно црвено, волнено капутче на брендот Amaia,кафеави хулахопки, чевли во иста боја и црвена машничка во косата веднаш ги освоила симпатиите, додека на грбот носела бел ранец од брендот „Cath Kidston” кој бил ускладен со шалчето во иста боја.
Годишната школарина во „Willcocks“, кој е основан во 1964. година, е околу 12.000 долари. Многумина се изненадени со изборот на школото бидејќи се очекувало принцезата Шарлот да тргне по својот 4. годишен брат кој од септември минатата година оди во школото „Thomas’s Battersea”.Тој тргнал во градинка на иста возраст, но одел во „Montessori” која била во близина на нивниот претходен дом, Амнер Хол, во Норфолк.
Џорџ и Шарлот оваа година ќе добијат брат или сестра – војвотката од Кент би требало да се породи во април, а еден месец подоцна ги очекува венчавката на принцот Хари и бившата глумица Меган Маркле.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …