(ФОТО) Најнепријатен момент на Златни глобуси:Изразот на лицето на Дакота Џонсон додека Ангелина ја игнорира Анистон

На социјаните мрежи се појавила фотографија со веројатно најнепријатниот момент на годинешното доделување на Златни глобуси – сцена кога на бината се појавила Џенифер Анистон додека во публиката, скоро директно пред неа, седела Ангелина Џоли.
На фотографијата се гледа и глумицата Дакота Џонсон, ѕвезда на филмскиот серијал „50. нијанси сива“ која седела на иста маса со Ангелина Џоли и во чудо ја гледала нејзината реакција. Имено, Ангелина, се чини според фотката, ја игнорирала Анистон.


Твитер веднаш полудел поради фотката и многу бргу тргнале коментарите како: „Дакота Џонсон кој ја гледа реакцијата на Ангелина Џоли е како сите ние“, „Она кога се обидуваш да бидеш суптилен, но не можеш да си помогнеш“, се шегувале…

И’ Ангелина Џоли и Џенифер Анистон биле во брак со Бред Пит. Џенифер од 2000. до 2005. година, а Џоли од 2014. до минатата година. Веќе со години кружат приказни дека Ангелина „го украла“ Пит додека сеуште бил во брак со Џенифер, на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Сит“.
Многумина очекувале и нивна средба на црвениот тепих на Златните глобуси, но тоа не се случило бидејќи Џенифер одлучила да го одбегне тој дел па и не се појавила на црвениот тепих, додека Ангелина се појавила со синот Пакс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …