(ФОТО Галерија) Славната манекенка не ја крие среќата: На летувањето ужива со 16. години помладиот дечко!

Во март оваа година Хајди Клум открила дека е среќна во љубовта, кога медиумите се распишуваа за нејзината љубовна врска со 16. години помладиот музичар и поранешен член на групата „Токио Хотел“, Том Каулиц, а колку ужива во новата љубов се гледа од фотографиите направени во Сардинија, каде што моделот и музичарат во моментов се одмораат од деловните обврски
Врската помеѓу манекенката Хајди Клум и 16.години помладиот музичар Том Каулиц ја изненади јавноста во март, но на убавиот модел очигледно големата разлика во годините не и пречи. Секој слободен момент тие го минуваат заедно, а сега, исто така, се видени на одмор во италијанското одморалиште Порто Черво во Сардинија. Ако се суди според фотографиите, моделот и поранешниот член на групата „Токио Хотел“ не можат да се заситар еден со друг.

Откако се подготвиле за гала-вечерата на УНИЦЕФ на јахта закотвена во познато одморалиште, моделот и музичарот со гумен чамец се упатиле на копно и цело време разменувале нежности како двајца вљубени тинејџери.


Се чини дека моделот по завршувањето на тригодишната врска со кураторот и уметничкиот дилер Вито Шнабел конечно најде среќа во љубовта и не планира да ја скрие од очите на јавноста. Парот неодамна беше видена заедно на одмор во Мексико, каде што моделот, покрај љубовта на нејзиниот нов избраник, го покажала својот изглед во топлес.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …