(ФОТО Галерија) Меган Маркл нема време за кралицата но има за другарка и Серена: Војвотката од Сасекс сама на синоќешното финале на УС Опен!

Кога Меган Маркл беше на Вимлбдон да ја гледа другарка и Серена Вилијамс се’ околу неа мораше да биде празно…Но, на УС Опен на финалниот меч во женска конкуренција во кој играа Серена Вилијамс и Бјанка Андреску имаше обичен третман како и сите присутни…
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, во последен момент одлучилала да ги спакува куферите и сама да замине за Њујорк, информира близок извор до кралското семејство. Ова е нејзино прво патување преку Атлантикот без сопругот, принцот Хари, а дома останал и синот Арчи.


 


The Times пишува дека поранешната актерка отпатувала во Америка со комерцијален лет, откако пред извесно време таа и Хари беа на удар од јавноста дека често патуваат со приватен авион, а се еколошки настроени во кампањите кои им се доверени.
Маркл заминала за Њујорк во живо да ја бодри нејзината блиска пријателка Серена Вилијамс која се пласираше во финалето на Отвореното првенство на САД.



Меган, нормално, седела во ложата на серена Вилијамс каде срдечно се поздравила со Ораниан (мајката на Серена), Александар Оханиан (сопругот), Моратоглу (тренерот) и многу внимателно го следела секој поен…Во ложата секако била и Ана Винтур, славната уредничка на американски „Вог“.


Но, Серена Вилијамс немаше среќа и беше поразена од младата Бјанка Андреску (6:3,7:5), што за славната Американка беше четврто финале на Грен слем без победа.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …