АКТЕРКАТА Керол Линли, ѕвезда на филмот „Авантурата на Посејдон“ во 1972 година, починала на 77-годишна возраст.
Американските медиуми пренесуваат дека ценетата актерка починала од срцев удар. Магазинот „People“ објави дека таа починала мирно, во сон, во нејзиниот дом во Лос Ангелес.
„Таа сакаше да работи на филмови онолку колку што сакаше да оди во кино“, изјавила нејзината ќерка Џил Селсман за „People“.
Родена во 1942 година во Њујорк, Керол ја започнала својата кариера како модел за бебиња. Во 1958 година, таа го привлекла вниманието со улогата во претставата „Blue Denim“ на Бродвеј. Една година подоцна, таа глуми и во филмската верзија на таа приказна и била номинирана за Златен глобус за улогата.
Но, најславна била по улогата на пејачката Нони Пари во „Авантурата на Посејдон“ во 1972 година. Подоцна се појави во серии како „Коџак“ (1977), „Хаваи Пет-О“ (1978) …
Таа била водолга врска со презентерот Дејвид Фрост а се забавувала и со Френк Синатра.
Таа беше во брак со публицистот Мајкл Селсман.