(ФОТО) Џим Кери предизвикал бес со карикатурата на абортус:„Неверојатно расипан цртеж“

Џим Кери со својата провокативна карикатура уште еднаш го предизвикал бесот, а оваа ја прикажува гувернерката на Алабама, Кеј Иви, како абортиран фетус.
Кери реагирал на фактот дека Иви го потпишала контроверзниот закон (кој го изгласале 25. бели мажи) кој во таа држава ги забранува сите абортуси освен во итни медицински случаи.
На својот Твитер профил, Кери, објавил карикатура на која Иви е прикажана како фетус кој е лошо врзан за папочната врвка. „Мислам дека ако сакате да ја прекинете бременоста, тоа би требало да го направите многу пред фетусот да стане гувернер на Алабама“, напишал глумецот.


Реакциите на корисниците на социјалните мрежи биле различни. Додека некои истакнале дека се согласуваат со него, многумина мислат дека страда од ментално здравје. „Дали си добро?“, го прашал еден корисник на Твитер. „Не, веќе некое време“, додал друг.

„Ова би требало да биде крај на твоите Твитер активности. Точка“, „Некој друг да го објавеше ова одамна би бил деактивиран“, „Ова е неверојатно расипана илустрација“, се некои од коментарите.

Инаку, Кери неодамна се нашол на удар на внуката на Мусолини која го нападнала поради карикатурата на нејзиниот обесен дедо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …