(ФОТО) Британците бесни на Меган и Хари: „Со овој потег допреа ново дно!“

„Секој пат кога ќе помислам дека војводата и војвотката од Сасекс отидоа предалеку, тие одат еден ужасен чекор напред. Тоа е како некоја ужасна игра на вистината или предизвикот, во која не им е грижа или не ги разбираат последиците, туку мислат само на личното задоволство и придобивки,сега и засекогаш, амин. Нивниот последен потег е ново дно, можеби на сите времиња. Бидејќи тешко дека можете да паднете пониско од организирањето фотосесија на воени гробишта, свето место каде што почиваат воените жртви, а потоа ги испраќате вашите фотографии низ целиот свет за да рекламираат длабочина за неговата тага“, остра е кон Меган Маркл и принцот Хари, колумнистот на Daily Mail , Жан Моир.

Може ли некој да ги спаси од себе, се прашува Моир подолу.


„Можеби помина Ноќта на вештерките, но не и за овој пар глупави духови. Во неделата, Сасекси одлучија да го одбележт лично денот на сеќавање на британските жртви од двете светски војни со посета на Националните гробишта во Лос Анџелес, каде им оддадоа почит на паднатите борци на Комонвелтот. Се возеа 137 километри од нивната луксузна вила во Монтесито за да положат цвеќе набрано во нивната градина и венец со порака „За оние кои служеле и сè уште служат. Ви благодариме“ “, продолжила таа.

Моир продолжува да кажува дека Меган се борела да покаже тага и загуба во такви околности.

“Оваа посета и нивните инстинкти да им оддадат почит на паднатите ќе беа за пофалба ако не беше една работа. Двојката зеде личен фотограф да ја сними секоја секунда од овој наводно приватен момент, за да ја извлече последната капка емоции од поводот.Клик. Се чинело дека Хари и Меган ги имаат сите гробишта за себе затоа што Американците го слават Денот на сеќавање во мај – и славниот фотограф што го ангажирале веднаш отишол на работа. Клик. Тие одеа рака под рака на тревниот рид на кој белите надгробни споменици беа сведоци на страшната загуба на нацијата. Клик.Клекнале, станале. Маски на лицата, извадени маски. Спуштени глави, кренати глави. Клик. Клик,Клик“, продолжила колумнистката.


Таа додаде дека нема кој да ги види како тагуваат, но прашање е што мислат сега Американците за парот кој користеше 90.000 гробови како позадина за фотографирање. Како што вели, никој нема да биде изненаден ако се најде овој момент во документарната серија што ја договорија со Нетфликс.
Хари негираше дека посетата на гробиштата е трик за привлекување внимание и се чинеше вознемирен затоа што не му беше дозволено да положи венец со неговото име во Лондон.
“Тој сакаше да биде обичен граѓанин и го доби она што го сакаше. Сега нема враќање на кралскиот балкон. Тој повеќе не е член на кралското семејство – и тоа е неговиот избор. Тој повеќе не ја претставува кралицата, војската или неговиот полк. Ниту една официјална улога, воена или која било друга, тој е надвор од кралскиот брод и е излишен во церемониите, тој плови во орбита на безначајноста“, остра е Моир.
Убедена е дека Хари полека сфаќа што направил, дека тој е засекогаш надвор од семејството.

“Лесно е да се сфати зошто тие сакаа нов живот за себе и кој може да ги обвини? Тие нема да жалат што се втора виолина на послушните Вилијам и Кејт, но сега им пречи што секој нивни успех во Америка се базира на тоа што беа, а не на она што тие сакаат да бидат, на славата од минатото, не на идниот сјај. Затоа, тие сè уште се преправаат дека се принцови, држат говори и ги посетуваат гробиштата по нивен налог“, додала таа.
Ако неговата мајка видеше во што се претвори нејзиниот сакан син, ќе плачеше, заклучила колумнистката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …