Извештај на ИЈЗ за период 2-8.11.2020: Расте бројот на ковид пациенти, најмалку заразени се деца

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, што се однесува на периодот од 2 до 8 ноември, 2020 г., тестирани се вкупно 19.719 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,3%, во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 25,5% во однос на минатата недела. 
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.256; 44,7%), со неделна инциденца – 527,2/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1543, 21,2%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1452; 19,9%), од 40 до 49 (n=1403; 19,3%), од 50 до 59 (n=1401; 19,2%) и од 20 до 29 години (n=1090; 15,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (n=120; 1,6%) и од 10 до 19 години (n=252; 3,5%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6%) лица од машки и 3.522 (48,4%) од женски пол. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.114 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 852 лица повеќе во однос на претходната недела. Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, зголемување од 41,1% во однос на минатата недела.
Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50 до 59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, 4 случаи во возрасната група од 30 до 39 години и 1 случај на возраст 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94%.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 2 до 8.11.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

 

 


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …