Смртта на актерот Шон Конери не фрли сенка врз даночната измама на неговата сопруга Мишелин. Таа, пак, негира каква било вмешаност во „тешката“ измама од 21. милиони фунти во врска со продажбата на куќата во Марбеља, пишува британски „Сан“.
Шпанските власти предупредиле дека имаат намера да ја известат Мишелин за обвинението за да може да се одржи судењето, а обвинителите посочиле на „недостаток на соработка“ со властите на Бахамите.
На Конери, кој беше во брак со Мишелин 45. години, во 2014. година му било кажано дека нема да мора да се соочи со тужба за продажба на нивната куќа во 1999. година. Имено, нивната куќа е срушена и на измамма се изградени дури 70. станови и покрај урбанистичките правила кои велат дека можат да се градат само пет.
Адвокатите на актерот, градоначалникот на Марбела и шест советници завршиле во притвор поради измама. Судијата заклучил дека на Мишелин, родена во Франција, треба да и се суди и дека и се заканува затворска казна, како и голема парична казна доколку биде прогласена за виновна за даночна измама.