Сопругата на швајцарскиот фудбалер со македонско потекло Блерим Џемаили пред две години на Европското првенство беше вистинска сензација, а медиумите буквално се лепеа до неа.
Но за две години речиси и да се случи голем пресврт во животот на фудбалерот, тој се разведе, а неговата сопруга објави книга во која открива многу тајни во врска со фудбалерите и нивните девојки.
Таа во книгата пишува и за сексот на фудбалерите пред натпреварите, а тоа би можело многу да ги разочара менаџерите.
„Играчите не се многу заинтересирани за секс пред мечевите, но затоа многу од нив се определуваат за маструбација“, вели таа.
Ерјона Сулејмани беше прогласена за најсексапилна навивачка на Европското првенство во Франција во 2016. година, а во меѓувреме ги избриша сите фотографии со фудбалерот, а ја нема ниту на трибините во Русија.
Бебето, од сликите пред две години, порасна а сега Ерјона го снима само од зад грб…