Ни доаѓа температурен шок – врнежи како во есен!

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на ситен град, особено во северните и источните делови.
Утринската температура ќе се движи од 13. до 19., а дневната од 21. до 34. степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата за околу 10. степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи.
Од понеделник и во наредните два дена времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд (наместа се очекува над 50 л/м2 воден талог). Дневните температури ќе бидат под просекот и ќе се движат во интервал од 16. до 24. степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …