(ФОТО) Бангкок е најпосетуван град, најмногу се троши во Дубаи

Меѓу десетте најпосетувани дестинации се и Сеул, Куала Лумпур, Токио и Истанбул, при што на Токио годинава му се предвидува најголем раст.

Втора година по ред Бангкок има претензии да биде најпопуларниот град во светот за меѓународните авантуристи, објави СиЕнЕн.
Според прогнозите, престолнината на Тајланд ќе им посака добредојде на околу 20,2 милиони туристи годинава. Податоците се од студија на „Мастеркард“.
Процените на компанијата на патувањата во светот се изведуваат врз основа на бројноста на туристите и потрошувачката, при што се прави рангирање на 132. града како најдобри дестинации во светот.
Според индексот на споменатата компанија, пред Бангкок да се искачи на тронот како топ-дестинација, на прво место беше Лондон.
Британската престолнина, пак, втора година по ред го задржува второто место, со процена за околу 20. милиони посетители во 2017. година.
Париз е на трето место со 16,1 милион посетители, четврти е Дубаи, а на петто место се најде Сингапур, каде што годинава се очекуваат околу 13,5 милиони туристи.
Меѓу првите десет најпосетувани дестинации се и Сеул, Куала Лумпур, Токио и Истанбул, при што на Токио годинава му се предвидува најголем раст кога станува збор за странски посетители, од 12. отсто во однос на ланските 11,1 милион туристи.
Анализата е објавена по повод Меѓународниот ден на туризмот, 27. септември.
Дубаи, Њујорк и Лондон се први според туристичката потрошувачка. Анализата покажува дека растот на меѓународните патувања и потрошувачка во најпосетуваните дестинации е поголем од растот на светскиот БДП.
Податоците говорат дека од 2009. година до денес глобалниот БДП скокнал за 22. отсто, а потрошувачката на странски туристи за 41. отсто.
Со 28,5 милијарди долари, Дубаи е прв во светот според тоа колку туристите трошат во ова место, втор е Њујорк со 17. милијарди долари, а трет Лондон каде што лани туристите потрошиле 16,1 милијарда долари.
Од „Мастеркард“ посочиле дека разликата меѓу првите десет најпосетувани и првите десет најбрзо растечки дестинации во светот, укажува на тоа дека Азиско-пацифичкиот регион и Блискиот Исток профилираат како одредишта на иднината и се се’ поважни елементи на глобалната економија.
Иако различни, мотивот за патување на туристите по светот е, пред сè, релаксирање.
Анализите велат дека најмногу по ресторани се троши во Сеул, Истанбул и во Прага, додека за шопинг во Лондон, Осака и во Токио.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …