(ВИДЕО+ФОТО) Умрел Хју Хефнер: Основачот на „Плејбој“ починал во 91. година

Основачот и сопственик на познатиот магазин „Плејбој“, Хју Хефнер, починал во 91. година во Лос Ангелес.
Роден е во 1926. година во Чикаго, а дамнешната 1953. година со само 600. долари, Хју Хефнер го основал магазинот „Плејбој“ кој во текот на годините прераснал во мулти-милионска индустрија.
Хефнер во текот на животот го окружувале бројни убавици кои живееле во неговата луксузна вила, а од кои многу станале светски познати.
Славните зајачици му донеле и слава на Хју Хефнер кој важел за голем заводник а кој организирал, како што ги нарекувале…


…оргии на своите многу славни забави.


Најпознати зајачици на Хефнер биле Џејн менсфилд, Шенон Твид, Џени Макарти, Памела Андерсон, Ен Никол Смит, Мерилин Монро…

Како што соопштила ПР службата на магазинот овој медиски магнат и милионер починал со природна смрт во својот дом окружен со семејството.
Со основањето на „Плејбој“ во 1953. година, Хефнер изградил бренд кој ја дефинирал сексуалната култура во втората половина на 20. век.
„Животот е премногу кус за да се живее нечиј туѓ сон“ е една од неговите најпознати изјави.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …