Филаделфија е првиот град во кој полицијата повеќе не застанува за помали прекршоци

Главниот град на Пенсилванија е првиот поголем град во САД каде полицијата повеќе нема да ги запира возачите за помали сообраќајни прекршоци.
Законот познат како „Рамноправност во возењето“ (Driving Equality) им дозволува на полицајците да ги исклучуваат од сообраќај само оние со големи прекршоци, а причината за некои ќе биде малку бизарна. Имено, утврдено е дека полицијата многу почесто запира возила во кои зад воланот се Афроамериканци.
Овој закон настојува да го намали овој удел со тоа што нема повеќе да ги исклучува возачите од сообраќај поради секундарни прекршоци. Овие споредни прекршоци вклучуваат, на пример, несообразности поврзани со браници и регистарски таблички, неисправни светла и слично. Секој што ќе направи таков прекршок ќе добие само предупредување, по пошта.
„Овој закон спречува сообраќајни запирања кои промовираат дискриминација, додека ги задржува оние кои ја промовираат безбедноста во сообраќајот“, рекол Исаја Томас, член на градскиот совет кој го усвоил законот, нагласувајќи дека полицијата сега ќе може повеќе ресурси да фокусира на безбедноста на сите жители на Филаделфија.
Според извештајот на Си-Ен-Ен, во периодот од октомври 2018. до септември 2019. година, во дури 72. отсто од случаите полицијата запрела возачи со темна кожа. Податоците за оваа година велат дека уделот е благо опаднат на 67%. Патем, Афроамериканците сочинуваат 48% од населението на градот Филаделфија.
Според новиот закон, на јавноста ќе и биде достапна база на податоци која ќе содржи податоци за секое застанување, со информации за тоа кој бил запрен и која била причината.

Фото: Ford


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …