Не се плашете од фактите. Измијте ги рацете. Отворете го срцето. Нашите деца ќе ви заблагодарат за тоа.
„Јас сум лекар и експерт за заразни болести. Повеќе од 20. години секојдневно запознавам болни луѓе и веќе работев во болници во поголемите градови и во најсиромашните делови на Африка. ХИВ, Аидс, туберкулоза, САРС, дифтерија, сипаници, лишаи, кашлица, хепатитис … Нема што не сум видел во оваа професија, но освен САРС, само неколку болести ме натераа да се чувствувам ранливо, шокирано или целосно вџашено.
Не се плашам од коронавирусот. Загрижен сум за последиците од COVID-19, кој рапидно се шири низ целиот свет и продолжува да влијае на повеќе земји. Јас навистина се грижам за старите лица, луѓето со лошо здравје и сите сиромашни, кои страдаат од новата катастрофа повеќе од другите. Но, сè уште не се плашам од COVID-19.
Исплашен сум од губење на разумот и бранот на страв што го втурнува општеството во волшебната спирала на паника и ги натера луѓето да акумулираат непристојно големи количини на се и сешто.
Се плашам од кражба на медицински маски од болници и клиники за итни случаи, каде што навистина е неопходно да се заштитат лекарите од првите редови, не да се користат на аеродромите, супермаркетите и кафулињата … Се плашам дека нашите болници ќе бидат исполнет со сите оние што знаат дека не се болни, но сакаат да проверат „за секој случај“, додека оние што имаат симптоми на оваа болест не можат да се проверат.
Но, она што најмногу ме плаши е она што им го кажуваме на нашите деца кога се соочуваме со заканата. Наместо да бараме од нив да бидат водени од здравиот разум, логика, алтруизам и да ги задржат своите умови отворени, ние ги туркаме во паника, страв, сомнеж и себичност.
Епидемијата COVID 19 сè уште не е завршена. Во одреден момент, вирусот ќе дојде во вашиот град, болница, можеби вашиот пријател, па дури и членови на семејството. Ќе се случи. Подгответе се за тоа, за подоцна да не ве изненади. Факт е дека овој вирус не е застрашувачки сам по себе, а нашето однесување и желба да „се бориме за себеси прво“ може да доведе до катастрофа.
Ве молам да го скротите вашиот страв со помош на вашиот ум, паниката со трпеливост а неизвесноста со знаење. Сега сите имаме можност да научиме многу за хигиената и да спречиме ширење на многу болести во општеството. Не плашете се од фактите. Измијте ги рацете. Отворете го срцето. Нашите деца ќе ни бидат благодарни на нас за тоа“.