Досега повеќе од 8.000 луѓе починале од вирусот корона, а околу 82.800 се излечиле. Една од излекуваните е д-р Клер Герада, која ги открила клучните работи што и помогнале да го излечи вирусот корона – парацетамол, пилешка супа и лимонада.
Клер, поранешен шеф на Кралскиот колеџ за општа пракса, вели дека ова било болно и фрустрирачко искуство. Докторката вели дека „го закачила“ вирусот на работната конференција во Њујорк. Таа имала симптоми карактеристични за вирусот Ковид-19: кашлица, замор, болки во грлото, температура и треска.
Таа со првите знаци за заразата контактирала со надлежните органи. Откако била тестиран и било откриено дека страда од коронарен вирус,и д-р Клер мораше да биде во карантин.
За време на нејзиното домашно лекување, таа навела неколку работи што и помогнале да се опорави, имено, пилешката супа на прво место, што имала прекрасен ефект во враќањето на апетитот.
Лекарката рекла дека се опоравила од вирусот така што земала два парацетамоли три пати на ден со многу лимонада. Важно е да се напомене дека оваа жена претходно не страдала од никакви медицински состојби и целосно се опоравила со овие лекови и течности.
Извор:Daily Mail
Фото: Илустрации