Северот на Италија е посебно погоден со коронавирусот, а снимката од една миланска болница, поточно од интензивна нега, е доказ колку е тешка ситуацијата.
Целата болница е наменета само за пациентите заразени со вирусот Ковид – 19, а бидејќи собите се преполни, кревети има и по ходниците.
Иако, некои пациенти изгледаат стабилно, други пак, се на респиратори и во тешки состојби.
Поради тоа, италијанската влада апелира да не се излегува од дома бидејќи заразата може да биде опасна, посебно по белите дробови.
Во Италија досега се заразени повеќе од 31.500 илјади луѓе, а починале скоро 3.000.