#ЧИТАЈДОМА – ТРИ НУДИ БЕСПЛАТНИ Е-КНИГИ ЦЕЛ МЕСЕЦ

Издавачки центар ТРИ, со цел да им излезе во пресрет на читателите во периодот на изолација, пред време ја става во функција својата нова специјализирана апликација за читање на електронски книги Kniga.mk, изработена со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Kniga.mk е мобилнаапликацијадостапназаiOs и Android корисници, којаовозможувапристапдоголемабазанаелектронскикниги, изданијана ТРИ и Паблишер, достапнизакупување и прелистувањенаситеуреди – којанудиодличночитачкоискуство и можностзамногуличниприспособувања.


На овој начин, книгите стануваат достапни во секој дом и во секое време. За сите корисници во промотивниот период ТРИ издвои 20 бесплатни ексклузивни изданија од својата продукција.

Книги од домашни ексклузивци како Венко Андоновски, Винка Саздова, Коста Петров, Ана Јовковска, и атрактивни преводни изданија ќе бидат достапни за сите што ќе ја симнат и користат апликацијата Kniga.mk одApp Store и Google Play.


Остануваме поврзани повеќе од кога било со светот на книгите со новата мобилна апликација Kniga.mk на ТРИ!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …