Дневен хороскоп за четврток, 14.03.2019:Се’ што денес ќе се случува е нестабилно, нејасно и збунувачки – ќе има показатели вокој правец да ги усмерите проблемите!

Стрелец
Работа
Ѕвездите ви предвидуваат светла иднина и тоа ќе почне да се остварува многу брзо.
Ќе чувствувате олеснување во извршување на работите и ништо нема да ви биде тешко. Уживајте во својот успех.
Љубов
Осамените Стрелци не треба да очајуваат. Вистинската личност е буквално зад аголот. Оние кои се во врска нека очекуваат многу возбудувања.
Здравје
Премногу работите. Потребен ви е одмор.

Јарец
Работа
Очекувате конфликтни ситуации, но би било најдобро овој пат да го премолчите отколку да го зборувате тоа што го мислите. Ќе има време да се решат сметките.
Љубов
Малите несогласувања со вашиот партнер, решете ги така што понекогаш малку ќе попуштите. Нема да ви падне круна од главата, а врската ќе стане посилна.
Здравје
Можни проблеми со забите. Планирајте посета на стоматолог.


Водолија
Работа
Пофалба на лицето кое е над вас во деловна смисла е значајно за вас. Искористете го
паметно. Нека ви даде ветер во грб за да бидете уште подобри и попродуктивни на работното место.
Љубов
Неколку луѓе се во моментов во играта, но порано или подоцна ќе дојде време да избере еден од нив. Не си играјте со туѓи чувства, бидејќи еден ден може да ви се врати десет пати.
Здравје
Добро се чувствувате.

Риби
Работа
Иако можеби мислите дека вашата работа не е доволно забавна, многу грешите. На повидок се ситуации кои ќе бидат, во најмала рака, интересни.
Љубов
Во сè што правите, имате апсолутна поддршка од партнерот. Сепак, не земајте го здраво за готово затоа што тој си има и негови проблеми.
Здравје
Ако забележувате промени во вашето тело, проверете ги хормоните.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …