Децата интелигенцијата ја наследуваат од мајката – покажало истражување!

Родителите често го набљудуваат своето дете дали има нивни очи, насмевка или коса. Многу фактори влијаат на тоа како гените ќе бидат распоредени, но според неколку истражувања, едно е сигурно: децата интелигенцијата ја наследуваат од мајката.
Имено, научниците откриле дека интелигенцијата има наследна компонента. До сега се верувало дека гените доаѓаат и од двата родители, но се покажало дека гените за интелигенција се наоѓаат на хромозомот Х. Тоа во основа значи дека детето интелигенцијата ја наследува преку хроимозомот на мајката.
Тоа го утрврдиуле неколку истражувања, а првото е спроведено во 1984. година на Кембриџ. Роберт Лехрке прв ја изнел теоријата дека интелигенцијата доаѓа од хромозомот Х. Неговото истражување покажало дека жените имаат два хромозоми Х и поради тоа два пати поголема веројатност дека на своите деца ќе им ја пренесат интелигенцијата.
Последното истражување на таа тема е спроведено во Германија. Испитани се 12.686 млади лица на возраст од 14 до 22. години. Во просек нивниот IQ варирал за 15. бодови во однос на резултатите кои ги оствариле нивните мајки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …