Замина Горан.
Замина токму кога сите го очекувавме да се врати со неговото продолжение на „Бушавата азбука“ и да облагороди уште многу млади генерации.
Замина кога очекувавме некој нов текст, како што со нетрпение и возбуда секогаш очекувавме дека Горан пишува нешто ново.
Замина, но зад себе остави едно огромно богатство како аманет за сегашните и сите идни генерации како сведоштво за едно време кое веќе го нема, а сè уште е актуелно.
Не, Горан не замина. Великаните остануват за навек.
Нема збогум!
Вечна ти слава маестро!

МНТ се прости од Горан Стефановски: Замина токму кога сите го очекувавме да се врати со неговото продолжение на „Бушавата азбука“ и да облагороди уште многу млади генерации.
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.