Пејачот на народна музика, Јордан Митев, за нецел месец промовираше две нови песни, каде што и овој пат е комплетен автор на истите.
Со првата песна насловена „Една и единствена”, Јордан настапи на фолк фестивалот „Роса”, а токму оваа песна беше една од најзабележаните и најдобро прифатени песни на фестивалот од страна на публиката.
Втората песна која е насловена „Наздрави за љубов, наздрави за среќа” е нешто ново од Јордан, нов звук, нов пристап, а сето тоа го најавува и изгледот на неговиот нов албум, на кој Јордан интензивно работи периодов.
„’Наздрави за љубов, наздрави за среќа’ е песна во која многу верувам. Со новата песна сакав да упатам една позитивна мисла и со истата да влеземе во новата 2019. година. И покрај се што ни се случува на секој од нас во животот, треба секогаш да се радуваме на него и секој ден што го живееме убаво“, вели Јордан.
Оваа песна наскоро ќе добие и видео запис и истиот се очекува да биде промовиран пред крајот на годината.
https://www.youtube.com/watch?v=S8Vj_Pt00r