„Литература.мк“ во партнерство со радиото „Џез ФМ“ организираат низа музички настани во новото Café Literatura во „Дајмонд мол“. Минатиот петок започна новиот концепт на „Литература.мк“, чија мисија е
организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе може да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата.
Овој петок 01.03 од 21:00, во Cafè Literatura (Дајмонд мол), квартетот Акварела ќе биде задолжен за вашето патување низ музиката на таткото на боса новата – Антонио Карлос Жобим.
На концертот ќе бидат изведени најпознатите боса нова стандарди, композиции на Жобим, како и други стандарди од традицијата на Јужна Америка. Поканети сте заедно да уживаме во овој значаен дел од историјата на џезот, препознатлив по топлите мелодии и нежни звуци.
Настапуваат:
Маја Капсарова – бас гитара
Јани Костурски – вокал
Џоле Грујовски – гитара
Павел Ренџов – тапани