Наташа Миха на музичката сцена со нова песна и видео насловена „Инферно“

После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се врати на музичката сцена со нова песна. „Инферно“ е насловот на новото дело на Наташа, песна во која што доминира нејзиниот препознатлив стил и вокален наратив. „Инферно“ е објавена на 27.02 заедно со видео запис.

Инспирацијата за „Инферно“ лежи во музиката од 90-тите. „Оние кои веќе ме познаваат, знаат дека сакам да си играм и експериментирам со жанрови. Тоа е мојот печат. Кога бев дете, слушав различни стилови на песни. Подоцна, во тинејџерските денови, иако ја изучував класичната музика, топ листите на MTV Music и VH1 беа мојата музичка лектира. Од тука се навлеков на поп, рок и електронска музика, и од тоа време во себе носам песни и албуми на артисти кои се длабоко врежани во моето битие и рефлектираат во она што сум денес. Па така, Инферно е еден убав сублимат на сè што сум.“


Наташа, заедно со Дамир Пух се веќе добро познати на јавноста како тандем кој создава квалитетна и уникатна музика. Зад музиката на Инферно се потпишуваат и двајцата, текстот е на Наташа а аранжманот на Дамир. Освен учеството во кретивниот дел, Дамир го има изработено и миксот и мастерингот на песната, а продукцијата е целосно реализирана во GreenRoom Sound студио во Скопје.

„Со Дамир, заедно, посветивме голем дел од времето во дефинирање на деталите на „Инферно“. Променлива ритмичка структура, инструментални слоеви и боења со звучни ефекти, па се до вокални делници кои се виртуозни, што не ја нарушуваат естетиката на песната.“


За видео записот на песната беше задолжен Горан Симјановски, кој ја сработи целата видео продукција. „За Инферно имав силна визуелна замисла уште од моментот на поставувањето на демото на песната. Со Горан уште на првиот состанок се согласивме околу идејата за спотот и која е насоката на естетиката во која што треба да се движиме. Целиот тој процес на осмислување на аутфити, поделбата на сцени, како и енергијата која треба да се донесе пред камерите ми претставуваше вистинско уживање“.

Интересна е појавата на мачето Луи во спотот, сцена се случи непланирано и многу спонтано. „Секој што лично ме познава, знае дека многу сакам мачки, и дека таква енергија ме следи постојано и секаде, каде и да одам. Па тоа се случи и за време на снимањето 🙂 Луи се покажа како вистински професионален статист, хахахах… плус, дента доби екстра галење и гушкање“


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …