Скопје Куп 2024 – изложба на макети, диорами и минијатури

Во организација на макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски Микс“ од Скопје, од 1-ви до 3-ти март, во КСП Центар-Јадро, по седми пат ќе се одржи изложба на макети, диорами и минијатури и 4. Куп Скопје, кои се одржуваат со цел промоција и популаризација на макетарското хоби во Македонија.

ПРАВИЛА
1. Еден макетар може да се натпреварува со неограничен број на макети
2. Макета смее да се изложи само еднаш , што значи дека доколку некоја од вашите макети веќе се натпреварувала можете да изложите во изложбениот дел
3. Доколку макета била дел само од изложбата, може да се натпреварува
4. На јуниори и кадети не им се наплатува котизација
5. При местење на макетите, макетарот мора да внимава на макетите на другите натпреварувачи/изложувачи


КАТЕГОРИИ
J-01 Јуниори до 14 години – сите размери и сите типови на макети
К-01 Кадети – 14-18 години – сите размери и сите типови на макети
С-01 Сениори Авијација млазни/пропелери помали од 1:72
С-02 Сениори Млазна авијација 1:72
С-03 Сениори пропелери 1:72
С-04 Сениори млазна авијација 1:48
С-05 Сениори пропелери 1:48
С-06 Сениори млазна/проп авијација поголема од 1:48
С-07 Сениори Хеликоптери сите размери
С-08 Сениори Воени возила на тркала 1:72
С-09 Сениори Воени возила со гасеници 1:72
С-10 Сениори Воени возила на тркала поголеми од 1:48
С-11 Сениори Воени возила со гасеници поголеми од 1:48
С-12 Сениори Самоизградба сите размери
С-13 Сениори Диорами сите размери
С-14 Сениори Фигури сите размери
С-15 Сениори Бродови сите размери
С-16 Сениори Научна Фантастика сите размери
С-17 Сениори Сè останато сите размери
С-19 Сениори Цивилна Авијација сите размери

Специјална награда Мајор Михајло Ивановски – Микс „Best of Luftwaffe“ – се доделува на најдобрата макета од било кој размер со ознаки на германското Luftwaffe од Втората Светска Војна ( во чест и сеќавање на Мајорот Михајло Ивановски -Микс)


Best of show награда – се доделува на најдобрата макета на натпреварот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …