КУЛТУРА

Промоција на книги од едицијата „Порта Европа“

На 16 февруари, со почеток во 19 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата „Порта Европа“, во издание на „Арс Ламина“. Книжевната едиција „Порта Европа“ се состои од шест извонредни книжевни дела од европски автори, кои зачекоруваат во македонскиот книжевен контекст со својот најпретставителен патен документ …

Повеќе »

Денес се сеќаваме на нашиот пејач на народни, поп и забавни мелодии Јанко Узунов

Јанко Узунов-Узун е роден во Валандово на 15 февруари 1951 година. Тој беше македонски естраден уметник и пејач на народни, поп и забавни мелодии. Узунов музичката кариера ја започнал на почетокот на седумдесеттите години на XX век со првата снимка, „Магдалена”, песна на Димитар Масевски. Во 1969 година пристигнал на …

Повеќе »

На денешен ден е роден нашиот писател и сликар Димитрие Дурацовски

Димитрие Дурацовски е роден на 15 февруари 1952 година во Струга. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје. Работи како ликовен соработник во Народниот музеј во Струга. Член е на ДПМ од 1989 година. Дурацовски е автор на книгите: Тајна историја (раскази, 1986), Црни пророци (раскази, 1996), Insomnia (роман, 2000), …

Повеќе »

Промоција на двата нови романи на писателката Кристина Краличин

Писателката Кристина Краличин ќе промовира два нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ во издание на ИД-Концепт / Чудна шума. Промоцијата ќе се одржи во рамки на деновите на литература, на 15 февруари (четврток), во 19 часот во Литература.мк во …

Повеќе »

“Љубов, страст – фламенко!” – традиционален концерт на Македонската Филхармонија по повод Денот на вљубените

Во четврток, на 15 февруари 2024 година во Македонската Филхармонија, ќе се одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените со наслов “Љубов, страст – фламенко!”. Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а солист е една од најзначајните шпански фламенко вокалистки – Марина Ередија. Програма: Ф. Г. Лорка: „Четири стари …

Повеќе »

Книжевна средба – Промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ и „Везење“ во Францускиот институт во Скопје

Во четврток, на 15 февруари 2024 година, во Францускиот институт во Скопје, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи промоцијата на македонските преводи на француските дела „Идис“ и „Везење“. Домашните издавачки куќи вистински се залагаат околу преведувањето француски дела. „Идис“ на Робер Бадентер, превод на на г-ѓа Гзиме Старова, …

Повеќе »

Градската библиотека од Скопје партнер во проектот „Полска на полица“

Проектот за популаризација на полските книжевни достигнувања меѓу македонската читателска публика започнува токму од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Скопје, 14 февруари – Полскиот амбасадор во нашата земја, Н.Е Кшиштоф Гжелчик вчера ја посети Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и донираше збирка од педесетина наслови од полски автори …

Повеќе »

Креативно-раскажувачка работилница за деца со Сказнувалка

На 15 февруари 2024 година, во Europe House – Скопје, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи првата интерактивна работилница за деца во 2024 со издавачка куќа Сказнувалка. „Кралот што имаше од сѐ по многу“ од најдобрата грчка авторка за деца Марија Папајани е номинирана за наградата Ханс Кристијан …

Повеќе »

Денес се сеќаваме на нашиот уметник, академик и еден од основоположниците на македонската современа уметност Вангел Коџоман

Вангел Коџоман е роден на 14 февруари 1904 година во Струга. Тој беше македонски ликовен уметник, академик и еден од основоположниците на македонската современа уметност. Се школувал во Охрид каде во 1923/24 година матурирал во Охридската гимназија. Од 1924 до 1928 година го завршил наставниот оддел на Уметничката школа во …

Повеќе »